Франшизата на „Старбакс“ на Блискиот Исток почна да отпушта околу 2.000 работници во регионот, објави „Ројтерс“. Светски познатиот бренд, стана цел на активисти за време на војната меѓу Израел и Хамас која почна на 7 октомври 2023 година.
Работниците ќе бидат отпуштени на локации на Блискиот Исток и Cеверна Африка. „Алшаја груп“ со седиште во Кувајт, е приватна компанија која има права на франшиза за многу познати западни компании како „Чизкејк фактори“, „Ејч енд Ем““ и „Шејк Шек“.
Многу од работниците на списокот за отпуштања се странски работници од азиските земји. „Алшаја“ има околу 1.900 филијали на „Старбакс“ во Бахреин, Египет, Јордан, Кувајт, Либан, Мароко, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.
Како резултат на континуираните предизвикувачки услови за тргување во последните шест месеци, донесовме тажна и многу тешка одлука да го намалиме бројот на колеги во нашите продавници на „Старбакс МЕНА“. Немаме политичка агенда. Не ги користиме нашите профити за да финансираме какви било владини или воени операции каде било, ниту никогаш сме финансирале“, се вели во соопштението на „Старбакс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.