Глобалните воени трошоци во 2023 година се зголемиле за 6,8% на годишно ниво и достигнале ново рекордно високо ниво од 2.443 милијарди долари, при што, трите најголеми трошачи се САД, Кина и Русија, покажуваат новите податоци објавени од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Светските воени расходи пораснаа деветта година по ред на историски максимум од 2.443 милијарди долари“, соопшти СИПРИ.

Од Институтот додаваат дека покрај тоа, воените трошоци се зголемиле во сите пет географски региони дефинирани од СИПРИ.

САД остануваат најголемиот воен трошач во светот со удел од 37% од вкупниот светски износ и потрошени 916 милијарди долари во 2023 година. Следуваат Кина со 12% удел и потрошени 296 милијарди долари и Русија со 4,5% удел и потрошени 109 милијарди долари на одбраната, што е зголемување од 24 отсто во споредба со 2022 година.

Украина, осмиот најголем потрошувач во 2023 година, ги зголемила своите воени трошоци за 51% на годишно ниво на 64,8 милијарди долари, што е 58% од вкупните владини трошоци на земјата.

Блискиот Исток забележува пораст на воените трошоци за 9%, при што израелските трошоци се зголемиле за 24% до 27,5 милијарди долари во услови на неговата операција во Појасот Газа, додава Институтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.