Британскиот премиер Риши Сунак пристигна денеска во Израел.

Тука сум да ја изразам мојата солидарност со израелскиот народ. Вие претрпевте неискажлив, ужасен чин на тероризам и сакам да знаете дека Велика Британија и јас стоиме зад вас, рече тој.

Сунак ќе поттикне што поскоро отворање на рути за премин на хуманитарна помош за Газа од Египет.

Секоја цивилна смрт е трагедија. И премногу животи беа изгубени по терористичкиот акт на Хамас, изјави тој.

Сунак ќе се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и со претседателот, Исак Херцог. Се очекува Сунак да посети и голем број други регионални главни градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.