Во Авганистан од денеска се отворени неколку државни универзитети, за прв пат откако талибанците ја презедоа власта, а настава можат да посетуваат и студентки, но не во исто време со мажи, соопштија властите.
Студенти од денеска почна настава на државните универзитети во провинциите Лагман, Нагархар и Хелманд.
Од септември минатата година, само на приватните универзитети им беше дозволено повторно да се отворат и за жени и за мажи, кои посетуваа настава одделно. Пред талибанците да ја преземат власта во август минатата година, жените и мажите учеа заедно.
Ова е среќен момент, повторно да одиме на часови, но сепак постои страв дека талибанците би можеле да ги спречат – вели студентка по политички науки на Универзитетот Нангархар во Џалалабад.
Во Мехтарлам, пред кампусот на Универзитетот Лахман, утринава биле видени многу малку студентки, јавија светските агенции.
Сите можат да дојдат, од 8 до 12 часот часовите се резервирани за жени, а од 13 до 16 часот ќе има настава за мажи – вели вработен во универзитетот.
Новинарите на некои странски агенции виделе само шест жени кои носеле бурки или никаб како влегуваат на настава на првиот час во кампусот што го обезбедуваат вооружени талибански борци.
Јавните универзитети денеска повторно се отворени во провинциите Лагман, Нангархар, Хелманд, Нимроз, Фарах и Кандахар, а на 26 февруари ќе бидат повторно отворени во уште 28 провинции, соопштија властите.
Мисијата на ОН во Авганистан оцени дека повторното отворање на универзитетите е нешто многу важно за земјата.
Повторното отворање на јавните универзитети уследи по разговорите на крајот на јануари меѓу талибанците и западните дипломати во Норвешка, првата европска земја што ги прифати талибанците откако тие ја презедоа власта.
Западните земји го условуваат деблокирањето на меѓународната помош од милијарди долари со почитување на човековите права.
Новите власти во Авганистан наведуваат дека се модернизираат во однос на нивното претходно владеење (1996-2001) кога во голема мера ги прекршиле човековите права. Но, тие не чекаа повторно да ги прекршат основните права на жените, воведувајќи строги ограничувања на нивното право на работа, образование и патувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.