Воздухопловниот експерт и уредник на магазинот „Let and Space“ Фаедон Карајосифидис зборуваше за можните сценарија поради кои украинскиот авион Антонов се урна во Кавала.
Веројатно имало проблем со моторот кој првично не го загрижувал особено екипажот, или барем не довел до итна одлука за слетување, па брзо се развил до тој степен што екипажот бил надвор од можностите да се справи со тоа – изјави тој.
Тој додаде дека пожарот што избувнал во еден од двата мотори брзо се проширил. Според него, во леталото има систем за гаснење пожар, но, како што истакна, обично има по две шишиња по мотор кои во основа се два големи противпожарни апарати и ако останат без пена, нема начин да го изгаснат оганот.
Пожарот е најлошото нешто што може да му се случи на авион – нагласи тој.
Карајосифидис ја сумираше историјата на фаталниот лет и постоечките информации што ги знаеме, истакнувајќи дека авионот, кој летал во грчкиот воздушен простор – каде Грција сега е одговорна за контрола на авионот – првично дал известување дека ќе се врати на точката на своето полетување, поради проблем што се појавил, а потоа, откако штетата очигледно ескалирала, испратил сигнал за помош со барање за итно слетување во Кавала.
Ова се објаснува вака: не сакате да слетате во трета земја со таков товар – наведува тој.
Тој објаснува дека во основа, според меѓународните прописи, слетувањето на авион со опасен товар подразбира примена на посебен протокол, со контроли и потенцијално, товарот може дури и привремено да биде одземен од формални причини додека не се потврди дека не е нелегален. .
Овде имаме авион, кој оди за Кавала, се спушта од 21.000 колку што беше висината на летот со која дошол од Србија, на 15.000 стапки и за три до четири минути наеднаш ја губи висината – рече тој.
Според Карајосифидис, не станува збор за обид за приземјување на авионот, туку за несреќа предизвикана или од ширење на пожарот или од губење на моќноста во помошниот мотор.
Губи 13,5 илјади стапки, или околу 4 километри, поради што паѓа – истакнува тој и додава дека, како што е прикажано на видеата што ги видовме, не паѓа од небо како камен, туку се лизга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.