Кои сме ние да покажуваме со прст кон некого? Им кажуваме на Русите што да прават, мислам дека е смешно, со оглед на тоа што го направивме“.
Вака вели познатиот режисер Оливер Стоун во интервју за српска „Политика“. Тој вели причината за војната во Украина е фактот што САД ја претвораат Украина во антируска земја од 2014 година па наваму.
Она што моментално се случува во Украина „воопшто не е едноставно“, додаде Стоун, но на Запад тоа се упростува со фразата дека, ете, „Русите окупираат“.
– Не се споменува ништо што се случува во Донбас од 2014 година, ниту колку луѓе беа раселени затоа што САД ја вооружуваа Украина – вели режисерот пред да влезе на Меѓународниот филмски фестивал на Црвеното Море во Џеда во Саудиска Арабија каде ќе биде дел од жирито.
– Од 2014 година, Украина повеќе не беше неутрална, туку антируска, и тоа е она што ја наруши рамнотежата – подвлече Стоун, додавајќи дека „секоја војна има причини и последици“, ако некој е подготвен да обрне внимание.
Режисерот на познатиот документарец „Сноуден“ продуцираше два документарни филмови за настаните во Киев, „Украина во пламен“ во 2016 година и „Откривајќи ја Украина“ во 2019 година. И двата филма се соочија со забрани, бојкоти и напади во текот на оваа година.
– САД брзо ја осудуваат која било земја во светот која наводно го прекршува меѓународниот поредок заснован на правила, но Америка ги крши сите правила кога сака и вие тоа го знаете – му рече Стоун на својот српски интервјуер.
Тој изрази жалење што гласал за Џо Бајден, велејќи дека овој „дедо“ се покажал како многу опасен, со неговиот „сон“ за промена на режимот во Москва за да можат САД повторно да ја контролираат Русија како во 1990-тите. Тој вели дека и изборот на Обама како човек кој требало да ги помири левицата и десница во САД бил грешка. За Стоун, единствена надеж за САД би била појавата на трета партија, бидејќи и левицата и десница му должат на воено-индустрискиот комплекс.
Најновиот документарен филм на Стоун, „Нуклеар“, се осврнува на улогата на атомската енергија во справувањето со климатските промени. Ќе биде прикажан и на фестивалот во Саудиска Арабија.
На прашањето дали сè уште е бунтовник, Стоун одговори дека старее и дека има проблеми со видот и слухот, но претпочита „да живеам на нозе отколку да умрам на колена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.