Во Брисел продолжува состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на првиот ден од состанокот изјави дека војната на Русија со Украина може да трае долго, бидејќи претседателот Владимир Путин не покажува знаци за промена на „неговата амбиција да ја контролира целата“ земја, пишува Радио Слободна Европа.
Мораме да бидеме реални и да сфатиме дека ова може да трае долго, многу месеци, дури и години, рече Столтенберг, додавајќи: И тоа е причината зошто ни треба исто така, да бидеме подготвени за долги патеки, и кога станува збор за поддршка на Украина, одржување санкции и зајакнување на нашата одбрана.
Столтенберг рече дека разузнавачките извештаи покажуваат оти Русија ги репозиционира своите трупи за голема офанзива во источниот дел на Украина за да заземе доволно област за да создаде копнен мост меѓу Русија, која ја започна својата инвазија на 24 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.