Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска до петок ќе престојува во САД, при што ќе учествува на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации.
Како што соопшти денеска НАТО, предвидено е за време на престојот во Њујорк, Столтенберг да се сретне со повеќе светски лидери и високи претставници.
Покрај ова, тој денеска ќе учествува на Годишниот самит на невладината организација Конкордија за 2024 година, а утре ќе присуствува на трансатлантската вечера, што ја организира американскиот државен секретар на Ентони Блинкен за министри од Европа и Северна Америка.
В среда Столтенберг ќе присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО за соработка со арапските земји од Персискиот Залив, чиј домаќин е Кувај, а в четврток ќе учествува на дебата во тинк-тенк организацијата Совет за надворешни односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.