Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на финските лидери да го поддржат пристапувањето кон Алијансата и кажа дека евентуалниот процес за членство ќе биде „лесен и брз“.
Неколку часа претходно, финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин изразија поддршка за членството во НАТО, и покрај предупредувањата од Москва.
Официјалната изјава за пристапување се очекува во недела.
Ова е суверена одлука на Финска, која НАТО целосно ја почитува. Доколку Финска одлучи да аплицира за членство, ќе биде топло добредојдена во НАТО, рече Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.