Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е неопходно да се продолжи со пружањето помош за Украина, но дека ќе биде тешко и дека Европа ќе ја плати цената за поддршката на Киев.
Она што го гледаме е поддршка без преседан од европските сојузници во НАТО, Германија, Канада, САД и многу други земји ширум светот. Учествував на форумот на Кримската платформа на претседателот на Украина Володимир Зеленски и пораката што ја испратија сите лидери е јасна: стоиме зад Украина и ќе ја поддржуваме таа земја се додека е потребно. Тоа е пораката на сојузниците во НАТО – изјави Столтенберг за германската телевизија ЗДФ.
Тој нагласи дека обезбедувањето воена помош за Киев не е лесно.
Не велам дека е лесно. Потребна е напорна работа. Посветен сум на работа со другите лидери на Алијансата во Европа и Северна Америка за да се обезбеди континуирана поддршка – рече Столтенберг.
Тој нагласи дека поддршката на Германија е значајна и изрази надеж дека германската влада ќе направи повеќе.
Генералниот секретар на Алијансата предупреди дека следната зима ќе биде тешка, пренесе ТАСС.
Ќе платиме цена за нашата поддршка за Украина како резултат на санкциите. Русија, се разбира, ја користи енергијата како оружје. Но, мораме да разбереме дека нема алтернатива за нашата поддршка – рече Столтенберг.
Тој го повика Западот „да ја максимизира веројатноста за прифатлив исход од војната од гледна точка на Украина“, истакнувајќи дека најдоброто што можат да направат западните земји е да обезбедат воена, финансиска, хуманитарна и економска поддршка на Украина.
Столтенберг истакна дека поддршката за Украина може да трае со години, но дека ќе има последици, не само во воената сфера, туку и во индустријата,пренесе Н1.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.