Генералниот секретар на НАТО предупреди дека употреба на било каков вид на нуклеарно оружје од страна на Русија ќе предизвика сериозни последици, но не можеше да даде детали, јави дописничката на МИА од Брисел.
Руските заплашувања со нуклеарно оружје ќе ја променат природата на војната во Украина, се согласија денеска сите земји членки на НАТО.
-Ако Русија употреби нуклеарно оружје против Украина тоа ќе има многу сериозни последици, и ова е нешто што Русија го знае, сојузниците и го соопштија тоа на Русија на разни начини, и нема да навлегувам каков точно ќе биде нашиот одговор, но ќе ја промени природата на конфликтот, тоа ќе значи дека е премината многу важна граница, дури и ако е мало нуклеарно оружје, природата на конфликтот ќе биде изменет, Русија знае дека ќе има последици, ова денеска на прес конференција во Брисел го соопшти генералниот секретар на НАТО.
Тој повеќе пати повтори дека Северноатлантската алијанса е само одбранбен сојуз и дека нејзината цел е да спречи употреба на нуклеарно оружје, и да ги заштити нејзините членови. Тоа значи дека и најмал напад на земја членка ќе го активира членот пет на НАТО за колективна одбрана.
-Еден за сите, сите за еден, рече Столтенберг.
Во случајот на Украина генералниот секретар меѓутоа остана јасен дека во оваа војна НАТО само пружа поддршка, но не е дел од конфликтот.
Тоа нема да ги спречи земјите членки да продолжат да и помагаат на Украина економски, хуманитарно и со оружје. Шпанија на министерскиот состанок за одбрана овие два дена најавила исто така дека ќе испраќа дополнителна вооружена помош за да се зајакне противвоздушната одбрана на Киев во момент кога Москва ги засилува нападите врз украинските градови и таргетира цивили и критична инфраструктура.
Запрашан за коментар по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата од евентуален дијалог со Русија и дали со ова Франција го поткопува НАТО, Јенс Столтенберг кусо одговори дека “темелната цел на НАТО е нуклеарно спречување и спречување на агресија“ и дека ризикот од напад е многу далечен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.