Претседателот на српската опозициска Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, рече дека денеска во Собранието ќе поднесе Уставен закон со кој се предвидува одложување на изборите за наесен.

Ѓилас во емисијата „Иза вести“ на Н1 телевизија кажа кои ќе бидат следните чекори на коалициските партии ССП, СРЦЕ и НАДА.

– Денеска заедно со пратениците на НАДА, односно Новот ДСС и ПОКС ќе го поднесеме Уставниот закон со кој се предвидува одложување на изборите за наесен. Ова е законот зад кој стоеше целата коалиција Србија против насилство, кој минатиот понеделник и беше испратен на Ана Брнабиќ. Сè уште стоиме на тоа дека само така може да се постигнат фер избори. Наше е да предложиме решение, а не знам како ќе се однесуваат кон тоа колегите од опозицијата. Јасно е дека на властите тоа не им одговара, рече Ѓилас.

Тој додаде дека коалицијата Србија против насилството е создадена за последните избори, дека тие продолжиле да функционираат и по изборите и оти не е прифатен неговиот предлог да постојат како единствен пратенички клуб барем до повторените избори во Белград



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.