Строго раздвојување на девојчињата и момчињата, задолжителни шамии…бараат четворица средношколци кои сакаат да воведат строги шеријатски правила во своето училиште во Германија. Полицијата го истражува случајот.
Дојче веле пренесува дека четворица муслимански ученици побарале воведување строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Средношколците барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажите да им даваат часови по пливање на момчињата, а жените на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии.
Тие бараат дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето рано во петок за да можат да одат во џамија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.