Стотици трактори се собраа во германскиот град Либек на демонстрации за време на посетата на министерот за финансии Кристијан Линднер, кој одржа граѓански дијалог во градот. На протестот, освен трактори учествуваа и камиони и автомобили.

Според учесниците, не протестирале само земјоделците, туку и целата средна класа. Линднер беше пречекан со гласни свирежи и извици од незадоволните граѓани.

Претседателот на регионалното здружение на земјоделци, за време на дијалогот му порачал на Линднер дека увозното украинско жито ги потиснува домашните производи, „со кои се преполни германските дворови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.