Американскиот дражавен секратар, Ентони Блинкен, синоќа во Стејт департментот се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, каде ја одбележаа 100-годишнината од воспоставувањето на американско-албанските дипломатски односи, при што Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанја во ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Секретарот ја истакна силната соработка во НАТО и во Советот за безбедност на ОН и му се заблагодари на премиерот Рама за недвосмислената поддршка на Албанија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а против руската агресија, соопшти портпаролот Нед Прајс.

 

Државниот секретар се заблагодари на Албанија за континуираната традиција со обезбедување прибежиште за ранливите лица, како што направи лани со 2.000 Авганистанци. Aлбанија беше првата земја која понуди да прими авганистански бегалци по повлекувањето на американската војска од Авганистан.

Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанија во ЕУ и за регионална економска интеграција, истовремено истакнувајќи ја потребата од целосна имплементација на судските реформи и борба со корупцијата во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.