Француските власти спречија три терористички напади за време на Олимписките (ОИ) и Параолимписките игри (ПОИ) во Париз и другите градови домаќини на натпреварите, изјави денеска државниот обвинител за антитероризам Оливие Кристен.
Кристен рече дека заговорите вклучуваат планови за напад на „израелските институции и израелските претставници во Париз“ за време на Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август.
Тој истакна дека „израелскиот спортски тим не бил конкретно цел“, но не даде дополнителни детали.
Вкупно пет лица, вклучително и едно малолетно, биле уапсени под сомнение дека се вмешани во трите осуетени заговори против Олимписките игри, кои се одржаа во екот на војната меѓу Израел и Хамас и меѓу Русија и Украина.
Осомничените се во истражен затвор и се соочуваат со различни обвиненија за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.