32-годишен Иранец е уапсен во Германија поради наводно планирање напад со „исламистички мотиви“, јави Би-Би-Си.
Тој планирал да употреби цијанид и рицин за да изврши „сериозен чин на насилство“, се вели во соопштението на полицијата на Северна Рајна-Вестфалија.
Полицијата извршила рација во неговиот стан во градот Кастроп-Рауксел, во регионот Рур, каде биле пронајдени „токсични материи“.
Рицинот се смета за многу опасно токсично биолошко оружје.
Уапсено е и уште едно лице, а двајцата се уште се во притвор.
Германската агенција „Дојче Пресе“ извести за бројни работници за итна помош во заштитни одела кои дошле на местото на настанот.
Истрагата е во тек.
Обвинението за „тежок чин на насилство загрозување на државата“ се казнува со затвор од шест месеци до десет години.
Германија во последните години беше цел на бројни исламистички напади. Во 2016 година, 12 лица загинаа, а десетици беа повредени во напад со камион на божиќните пазари во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.