Војната во Украина ќе продолжи уште долго, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, неколку дена пред годишнината од руската инвазија на 24 февруари.
Хоекстра за весникот „Algemeen Dagblad“ изјави дека и покрај веројатно долготрајниот конфликт, воената поддршка за Украина мора да продолжи, пренесува Анадолија.
– Мораме да се спротивставиме. Сега не можеме да престанеме да даваме поддршка, инаку се ќе биде залудно. Мислеа дека и Втората светска војна брзо ќе заврши. Не сме ни на половина пат, оцени шефот на холандската дипломатија.
Хоекстра додаде дека Украина ќе одлучи за должината на војната.
– Ние ги поддржуваме. Нема друг избор освен да се испраќа оружје и опрема со месеци, можеби дури и со години, рече тој, додавајќи дека „на преговарачката маса ќе победат оние кои ќе надвладеат на теренот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.