По 227 часа под урнатините, или скоро 10 дена, спасувачките екипи во Труција успеаја да извлечат жив 74 годишен маж, објави турската државна телевизија.

Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатините изјави претседателот Ердоган, кој притоа вети брза реконструкцијата на уништените објекти. Земјотресот ги погоди Труција и Сирија на 6 февраури.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000 а над 100.000 луѓе се повредени. Природната катастрофа погоди 13 милиони луѓе вклучувајќи околу седум милиони деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.