Социјалната мрежа на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе почне да функционира на 21 февруари, односно на „Денот на претседателот“, што е секој трет понеделник во февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Оваа мрежа е замислена алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Платформата ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.