Руското министерство за одбрана објави видео на кое се гледаат единици на руски падобранци кои спречиле обид на украинската армија да се пробие фронтот на потегот Миколаев-Кривој Рог.

Украинските националистички единици се обидоа да се пробијат на рутата Миколаев-Кривој Рог со помош на моторизирани пешадиски единици поддржани од борбени возила на пешадијата, но беа спречени од руски падобранци.

 

Во битката беа употребени тешки митралези, противтенковски ракетни системи, фрлачи на гранати, артилерија, стандардно вооружување на воздушни борбени возила и мало вооружување – се вели во соопштението на руското министерство.

Според руски извори, во борбата загинале повеќе од 20 припадници на вооружените сили на Украина, а уништени биле најмалку пет парчиња воена опрема.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.