Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата.

Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво.

Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, неколку делници се целосно непроодни, а дури и обиколните патишта се покриени со снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.