Канаѓанецот Вали, кој ја носи неофицијаната титула као најсмртоносен снајперист на светот, а кој им се придружи на украинските сили на отпорот, ги демантираше информациите за неговата наводна смрт во Украина.

Оливие Лавињ-Ортиз, како што е вистинското име на Вали, објави порака на социјалните мрежи на која се гледа тој како лежи со пушка во базен со шарени топки.

Жив сум. Гласините дека сум умрел во борба се сосема смешни. Освоивме територија од непријателот, а нанесовме и жртви. За жал, и ние изгубивме соборци, мртви и ранети – изјави Канаѓанецот за вестите за неговата наводна смрт во Мариопол неколку дена откако тој пристигна во Украина.

Во објавената порака, Вали дава и слика на тоа како изгледаат борбите во Украина.

Тенковите остануваат на периферијата. Има многу мал директен контакт меѓу борците – вели Вали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.