Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката влада, соопшти денеска прес-службата на Фицо.
Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата се уште се занимава со писмото.
Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.