Денеска највисоките словенечки државни претставници ја поздравија одлуката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија.
Во оваа прилика, претседателот Борут Пахор и премиерот Голоб упатија честитки до Скопје и Тирана.
Во специјалното писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Голоб се залагаше Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за членство до крајот на оваа година на најновиот, откако неговиот предлог веднаш да го добие тој статус не ја доби потребната поддршка на последниот самит на лидерите на земјите-членки.
Во писмото објавено од словенечката влада, словенечкиот премиер наведува дека би било добро БиХ да усвои стратегија за реформа на јавната администрација, како и акционен план и стратегија за управување со јавните финансии и дека треба да добие кандидат статус на последниот состанок на Советот на ЕУ на крајот на оваа година.
БиХ би морала да добие статус на кандидат за членство во ЕУ врз основа на исполнување на реални услови, додека ЕУ истовремено би морала да ја признае својата соодговорност за ситуацијата во Босна и Херцеговина и за новата геополитичка реалност во Европа, наведува Голоб во писмото, пренесено од словенечките медиуми.
Почетокот на пристапните преговори е испишување ново поглавје за жителите на Македонија и Албанија, напиша на својот Твитер профил, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, додавајќи дека Словенија ќе продолжи да им помага на двете земји во напредокот на процесот на преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.