Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова попладнево ќе се сретне со Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на изборите завчера и ќе му даде политички мандат да ги започне преговорите за формирање нова влада, соопштија од нејзиниот кабинет.

Фицо и неговата партија освоија речиси 23 отсто од гласовите по кампањата за укинување на воената помош за Украина. СМЕР го победи либералниот противник Прогресивна Словачка (ПС), која доби 18 отсто од гласовите.

Бидејќи нема мнозинство, се очекува Фицо да се обиде да формира коалициска влада со Хлас, партија која се отцепи од СМЕР во 2020 година, а на изборите освои речиси 15 отсто од гласовите, и најверојатно со проруската Словачка национална партија (СНС), која освои 5,6 отсто од гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.