Слон прегазил колумбиски научник кој проучувал шимпанза во националниот парк Кибали во западна Уганда.

Според порталот „Swissinfo“, Себастијан Рамирез Амаја од Американскиот државен универзитет во Аризона (АСУ) починал на лице место по нападот на слон во неделата.

Тој и неговиот помошник наишле на осамен слон кој ги нападнал и почнал да трча по нив, поради што морале да се разделат. Слонот трчал по Себастијан и го згмечил – соопштија властите на Уганда.

Амаја работел на својот докторат како дел од истражувањето на општествениот живот на шимпанзата.

„Swissinfo“ пренесува дека ова е втор смртен случај за кратко време, бидејќи слон уби саудиска туристка во друг национален парк пред три месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.