„Слеп патник“ бил откриен во просторот зад тркалата во товарен авион кој денеска слетал на аеродромот Шипхол во Амстердам од Јужна Африка, соопшти холандската воена полиција.

„Човекот се чувствува добро со оглед на околностите и е пренесен во болница“, се вели во соопштението на полицијата задолжена за холандската гранична контрола.

„Нашата прва грижа беше, се разбира, неговата здравствена состојба. Можам да кажам дека без сомнение е многу невообичаено некој да преживее таков студ на таква височина – многу, многу необично“ – рече портпаролката на полицијата, Џоана Хелмондс додавајќи дека полицијата сè уште нема намера да открие за кој авион станува збор.

Преживувањето лет во простор за тркала е ретко, но не и невозможно. Според неодамна објавените податоци од Федералната управа за воздухопловство на САД (ФДА), од 1947 година во САД се обиделе да пристигнат 129 луѓе, а 29 преживеале.

Не е соопштено од која дестинација полетал споменатиот авион за Амстердам, но на комерцијалните авиони од Јужна Африка до Холандија им требаат приближно 11 часа доколку се работи за директен лет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.