Процесот на преселување на ерменските бегалци од Нагорно-Карабах во Ерменија е при крај, изјави Назели Багдасарјан, портпаролка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Интензитетот значително се намали. Можеме да кажеме дека последните луѓе кои сакаа да се преселат во Ерменија го сторија тоа и процесот се приближува до својот логичен крај, рече таа.
Портпаролката додаде дека Ерменија ќе продолжи да обезбедува превоз за оние кои сакаат да го напуштат Нагорно-Карабах.
Багдасарјан истакна дека од 24 септември досега во Ерменија пристигнале 100.514 лица и дека е обезбедено привремено сместување за 48.649 раселени лица.
Претходно, претставник на агенцијата за бегалци на ОН рече дека вкупниот број бегалци може да достигне 120.000, што одговара на проценките на целото население на Нагорно-Карабах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.