Пратка кокаин тешка 8,8 тони скриена во контејнер со банани запленила еквадорската полиција. Според „Дејли Стар“, товарот бил наменет за Белгија.
Шефот на еквадорската полиција Фаусто Салинас проценува дека доколку дрогата стигне до целта, трговците со дрога би можеле да заработат повеќе од 330 милиони долари од нивната продажба.
Во последниве години, Еквадор стана една од главните јужноамерикански транзитни земји за нарко-картелите.
Произведен во соседните Перу и Колумбија, кокаинот редовно се наоѓа во пристаништата на Еквадор. Само во 2022 година, локалната полиција заплени над 200 тони дрога од класа А.
Бидејќи Еквадор е еден од најголемите светски извозници на банани, пакувањата со дрога скриени во контејнери со овошје не се невообичаени.
Заплената на голема пратка кокаин се совпадна со посетата на земјата на белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.