Властите на Нов Зеланд потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни масовни насукувања во, како што ја нарекоа,една од најголемите такви несреќи во земјата.
Насукувањата се случиле на пооддалечената група Острови Чатам, на околу 840 километри од источниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во саботата 232 животни се насукале на главниот остров од архипелагот, а уште 245 се најдени во понеделникот на островот Пит, 40 километри северно.
Еколошката добротворна организација „Проект Џона“ смета дека ова е едно од најголемите насукувања во Нов Зеланд.
Обично, при големи масовни насукувања на Фејрвел Спит (‘рт на Јужниот Остров), просечно угинуваат 70-80 китови – соопшти организацијата.
Насукувањето китови не е невообичаено на Островите Чатам. Најголемиот поединечен настан е забележан 1918 година, кога угинале над 1.000 животни.
Добротворното здружение соопшти дека презема обиди за спасување секаде каде што тоа е можно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.