Даг Емхоф, сопруг на американската потпретседателка Камила Харис, призна дека ја изневерувал својата прва сопруга, после шокантното откритие дека наводно и направил дете на семејната дадилка.

Емхоф, кој сега има 59 години, тогашната сопруга Керстин пред повеќе од деценија ипол ја изневерувал со плавокосата дадилка Најен Нејлор, која наводно останала бремена.

Нејлор не го задржала бебето – рекол на британски Дејли мејл, извор директно упатен во аферата.

Емхоф призна дека имал афера, меѓутоа не го навел името на Нејлор или нејзината наводна бременост.

Извор на британскиот медиум исто така екол дека Емхоф, кој инаку е познат адвокат, и признала на Камила дека имал вонбрачна афера пред да се венчаат и дека врската со дадилката е прекината пред да почнат за излегуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.