Воената разузнавачка агенција на Украина предупреди дека најголемата европска нуклеарна централа, лоцирана во југоисточниот украински регион Запорожје, се соочува со критичен недостиг на резервни делови.

Разузнавачи од Министерството за одбрана велат дека во фабриката се развила критична ситуација во смисла на обезбедување стабилна и безбедна работа. Како што велат, резервни делови и потрошен материјал речиси и да нема.

Нуклеарката во Запорожје ја освоија руските сили веднаш откако Русија ја почна воената операција, но централата сè уште ја водат украински техничари. Со институцијата управува персонал со неделни ротации чии лични работи и телефони се одземени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.