Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција, посочувајќи дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на Конвенцијата со која се забранува нивна употреба.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати касетни бомби во Украина.

Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана инвазија на Русија, но тоа го направивме со обезбедување тешки борбени тенкови и најново оружје со долг дострел и се надеваме дека сите земји ќе можат да продолжат да ја поддржуваат Украина – посочи Сунак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.