Сириската противвоздушна одбрана соопшти дека се соочила со израелски ракетен напад врз централните делови на земјата и ги соборила повеќето ракети, пренесуваат сириски државни медиуми.

Во соопштението на Армијата се наведува дека ракетите, кои прелетале над делови на либанскиот главен град Бејрут, погодиле области во близина на Хомс, предизвикувајќи само материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.