Силна снежна бура ја погоди американската сојузна држава Њујорк во последните неколку дена. Две лица починале од срцеви компликации додека чистеле отпадоци пред своите домови.

Снежната покривка во градот Бафало на места достигна речиси 2 метри. Властите ги затворија автопатите и воведоа забрана за патување во одредени области.

Откажани се десетици летови. Во расчистувањето на снегот се вклучи и жандармеријата. Ветровите со брзина од околу 70 километри на час придонесоа за условите за замрзнување во регионот на Големите езера.

Денеска се на сила предупредувањата за тешки временски услови за 6 милиони луѓе во четирите северни сојузни држави Мичиген, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.