Доаѓаат повеќе информации за експлозиите во градот Лавов во западна Украина. Во дел од градот снема струја по рускиот воздушен напад, објави на Телеграм градоначалникот на Лвов Андриј Садови, а пренесува Би-би-си.

– Во ракетниот удар се оштетени две трафостаници – во делот на градот нема струја – напиша тој.

Возовите застанаа на влезот во Лавов, а руската армија ги гранатираше железничките трафостаници, предизвикувајќи доцнења, се вели во соопштението на Украинските железници.

„Поради непријателското гранатирање на железничките трафостаници, голем број возови ќе сообраќаат со задоцнување“, се вели во соопштението, во кое се бара луѓето да не ги напуштаат засолништата за време на воздушните напади.

 

Фото: Piero Cruciatti / ddp USA / Profimedia



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.