Најмалку четири лица загинаа и неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рухтер што денеска ја погоди Индонезија.

Четирите жртви биле во кафуле во време на земјотресот кој предизвика уривање на зградата, наведуваат агенциите. Земјотресот се почувствувал две-три секунди и предизвикал паника кај населението.

Снимка на социјалните мрежи прикажува брег во пристаништето каде се урнала зградата во морето. Малку се оштетени трговскиот центар и болницата во градот, пренесе Ројтерс.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар денеска забележа земјотрес и во Папуа, со јачина од 5,5 степени според Рихтер. Епицентарот бил на еден километар од Џајапур, главниот град на Папуа, на длабочина од 10 км, според индонезиската агенција за геофизика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.