Унгарија нема да испрати војници или оружје во Украина и нема да дозволи смртоносно оружје да транзитира на нејзината територија за да ја зачува земјата безбедна. Тоа го нагласи денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Косово.

Причината за донесување на таа одлука е тоа што таквите испораки може да станат цели на непријателски воени дејствија и … мораме да ја осигураме безбедноста на Унгарија… дека не се вклучуваме во таа војна – изјави Сијарто.

Тој денеска имаше средба со косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.