Европа се приближува до катастрофа бидејќи не е подготвена да се откаже од воената психоза, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

„Европа е се поблиску и поблиску до катастрофа – за жал, во секоја смисла. Сега е можно да се спречи уште поголема катастрофа и да се спасат илјадници животи, но за тоа е неопходно да се ослободиме од воената психоза. Но, јас (долго време) немам илузии дека тоа ќе се случи на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, Унгарија е доследна да не испраќа оружје во Украина и постојано нагласува дека санкциите наметнати на Русија, пред се оние поврзани со нејзините производители на енергија, и штетат на Европа, а не на Руската Федерација.

Во март 2022 година, унгарскиот парламент донесе одлука со која се забранува испорака на оружје за Украина. Сијарто потоа истакна дека Будимпешта се обидува да ја обезбеди територијата на Закарпатија, каде што живеат Унгарци, а снабдувањето со оружје преку нејзината територија би ја направило легитимна воена цел на Руската Федерација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.