Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека одлуката на руски Гаспром да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија не влијае на испораката на гас од Русија за неговата земја.

Сијарто во видео изјава на Фејсбук рече дека одлуката може да биде загрижувачка, но оти испораките на гас за Унгарија преку Бугарија ќе продолжат.

Сакам да ги уверам сите дека прекинот на испораката на гас за Бугарија не значи прекин на транзитот низ Бугарија – рече тој.

Руската државна компанија за гас „Гаспром“ потврди дека ги известила Бугарија и Полска дека ги прекинува испораките на гас затоа што не платиле за него во руски рубљи и оти секое преземање на гас наменет за трети земји ќе резултира со намалување на обемот на транзитот.

Сијарто изјави дека Унгарија добива 3,5 милијарди кубни метри руски гас годишно преку гасовод што минува низ Турција, Бугарија и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.