Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин регистрирал компанија во Белорусија наречена Конкорд Менаџмент и Консалтинг, пишува белорускиот весник Реформ, пренесува рускиот независен портал Медуза.

Според Единствениот државен регистар на правни лица и независни претприемачи на Министерството за правда на Белорусија, компанијата со акционерски капитал од 200 белоруски рубли (околу 72 евра) е регистрирана на 19 јули во селото Цел, регионот Могилев, Белорусија.

Според белорускиот весник Реформ, тоа е локацијата на воениот камп каде што биле испратени платениците на Вагнер по бунтот на Пригожин на крајот на јуни.

Беше наведено дека бизнисот е фокусиран пред се на управување со недвижности и дека Пригожин е на чело на компанијата, пренесува Медуза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.