Кинескиот претседател, Си Џинпинг повика на „максимална воздржаност“ во Украина изразувајќи „длабока загриженост“ за кризата во земјата.

Двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат потешкотиите и да ги продолжат разговорите се додека не се постигнат резултати…како и да се спречи хуманитарна криза од поголеми размери, цитираат кинеските медиуми извадоци од видео-разговорот што Си денеска го имал со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Кина е близок партнер на Русија и одбива да ја осуди воената интгервенција на Москва во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.