Шведскиот производител на литиумски батерии Нортволт (Northvolt) се подготвува да отпушти работници и да продаде производствена единица за да ја преживее кризата на пазарот на електрични возила, објави Фајненшл тајмс.
Работите да бидат уште полоши, БМВ неодамна откажа договор од две милијарди долари со Нортволт и го потпиша со корејската компанија Самсунг СДИ, поради достапноста на залихите.
Корејски и кинески бизнис групи градат фабрики за батерии во Европа, иако плановите за некои од нив беа одложени поради забавувањето на продажбата на електрични автомобили.
Уште поинтересно е што Нортволт размислува за развој на технологија за натриум-јонски батерии, затоа што немаа многу среќа со литиумските.
Пазарната криза не е единствениот проблем за Нортволт. Од 2019 година на вработените во оваа фабрика им се случиле 26 несреќи, од тешки повреди на работа, смрт на двајца работници во експлозија што се случи во ноември 2023 година, до ненадејна и необјаснива смрт на тројца вработени набрзо по завршувањето на нивната смена во фабриката.
Од друга страна, еден од најголемите производители на возила, Тојота, не влета неконтролирано во инвестициите во литиумски батерии, а сега и го намалува производството на електрични возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.