Шведска денеска испрати нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас преку таа рута.

Европските власти се сомневаат дека експлозијата во близина на шведските и данските води е саботажа, што Москва набрзо се обиде да ја препише на Западот, посочувајќи дека САД имаат корист од тоа.

– Крајбрежната стража е одговорна за мисијата, но ние ги поддржуваме со единици. Ќе го именуваме само ХМС Белос, кој е спасувачка подморница и брод за нуркање, изјави портпаролот на шведската морнарица Џими Адамсон.

Шведската крајбрежна стража соопшти дека „Северен поток 1“ престанал да тече, но резултатите од прелетот сугерираат дека гасот сè уште тече од „Северен поток 2“ и излегува на површината во радиус од 30 метри.

Кремљ повторно обвини дека Западот е виновен за експлозијата, порачувајќи дека САД поради тоа би можеле да ја зголемат продажбата и цената на својот течен гас.

Вашингтон остро негираше каква било вмешаност.

Европските земји се сомневаат во саботажа, но одбија да кажат кој стои зад тоа. Северен поток 2, кој ги поврзува Русија и Германија, никогаш не бил оперативен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.