Швајцарската влада објави дека замрзнатиот руски имот во таа земја изнесува 6,3 милијарди швајцарски франци и додава дека земјата „одмрзнала“ вкупно 3,4 милијарди франци привремено блокиран руски имот.

Не можеме да ги замрзнеме средствата ако немаме доволно основа, рече Ервин Болингер, висок функционер во Државниот секретаријат за економски прашања, кој ги надгледува санкциите.

Швајцарија, популарна дестинација за московската елита и место каде се чува голем дел од богатството на Русите, е под зголемен притисок брзо да ги идентификува и замрзне имотите на стотици Руси под санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.