Германската авиокомпанија „Луфтханза ерлајн“ соопшти дека ќе се реализираат само десет до 20 отсто од летовите закажани за денеска поради повиците за штрајк на нејзиниот персонал во рамки на преговорите за платите.
„Во моментов, претпоставуваме дека само околу 10 до 20 отсто од летовите ќе можат да се реализираат“, објави најголемата европска авиокомпанија на својата веб-страница.
Штрајкот започна утринава во 4 часот и треба да трае до утре наутро во 7 часот и 10 минути, соопшти синдикатот „Верди“.
Според компанијата, 100.000 патници се погодени од предупредувачкиот штрајк што се одржува на аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Хамбург, Берлин, Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгарт.
„Верди“ повика на нов штрајк како дел од несогласувањата за платите на персоналот на теренот, односно 25.000 вработени.
Претходниот штрајк на почетокот на февруари предизвика откажување на речиси 90 отсто од летовите.
Сидикатот бара зголемување на платите за 12,5 отсто, со најмалку 500 евра повеќе веднаш на месечниот платен список, како и бонус за инфлацијата од 3.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.