Повеќе од 10.000 вработени во службата за брза помош низ Англија и Велс одлучија да штрајкуваат поради спор околу платите и работните услови, соопшти денеска директоратот на синдикатот ГМБ.

Британската Национална здравствена служба (НХС) се подготвува за бран штрајкови без преседан. Како што е најавено, околу 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат од 15 и 20 декември и тоа е прв ваков протест во 100-годишната историја на британските медицински синдикати.

 

НХС, која обезбедува бесплатна здравствена заштита од 1948 година, се соочува со рекорден број пациенти на листи на чекање за болничко лекување и недостиг на стручен кадар поради пандемијата на Ковид-19.

– Наш приоритет е безбедноста на пациентите за време на кој и да е штрајк. НХС ги проверуваше и тестираше плановите за намалување на нарушувањето на работата на здравствената служба и продолжување на функционирањето на итните медицински служби, изјави министерот за здравство и социјална заштита на Велика Британија, Стив Баркли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.