Штрајк на безбедносните работници на осум германски аеродроми, меѓу кои и најпрометниот во Франкфурт, денеска доведе до голем број прекини и откажувања на летови.
Синдикатот Верди повика на целодневен штрајк на аеродромите во Франкфурт, Берлин, Бремен, Хамбург, Хановер, Штутгарт, Дизелдорф и Келн, пред преговорите за платите со работодавачи, закажани за четврток.
Во Франкфурт до изутринава се откажани 108 од 790 летови планирани за денеска, јавува ДПА.

На аеродромот во Хамбург се откажани сите 88 планирани полетувања.

Безбедносните проверки на германските аеродроми се под надзор на федералната полиција, но во најголем дел ги спроведуваат приватни фирми.

Безбедносните работници во Баварија не штрајкуваат бидејќи се платени во согласност со договорот за платите на вработените во јавните служби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.