Куферот „Чегет“, во кој се чуваат шифрите за лансирање на руското нуклеарно оружје однадвор изгледа како обична актовка и тежи околу 11 килограми. Еден од трите нуклеарни куфери го носи офицер-врска, кој секогаш е во близина на шефот на државата. Службениците на кои им е доверена ваква важна задача поминуваат низ ригорозни психофизички тестови и се сметаат за едни од најиздржливите луѓе во земјата.
Познатиот куфер го нема класичното црвено копче за лансирање нуклеарни проектили (како што е претставено во филмовите), но има систем кој ги пренесува наредбите до Генералштабот.
Другите два вакви куфери се наоѓаат кај министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, исто како во времето на СССР.
Сите три куфери се меѓусебно поврзани и заштитени со посебен систем за кодирање „Агат“, кој штити од прислушување и злоупотреба. Сигналот за лансирање на ракетите може да се активира само ако се иницира на сите „Чегети“, но се верува дека конечната одлука, сепка, ја има претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.